Корона пандемијата се засилува во источна Европа

Пандемијата на коронавирусот јакне на истокот од европскиот континент, при што Чешка и Бугарија потврдија рекордни бројки на новозаразените, сѐ повеќе заразени бележи и Полска, Украина извести за најмногу жртви на Covid-19 од почетокот на епидемијата во земјата, а Латвија од средината на седмицата ќе се „затвори“ цел месец.

Чешка потврди 2.521 нов случај на коронаинфекции, нависок број заразени во еден ден од крајот на април, според податоците на министерството за здравство објавени во вторникот.

Чешката влада не ги заостри епидмиолошките мерки, туку се фокусираше на вакцинирањето, бидејќи податоците укажуваат на тоа дека повеќето заразени не се вакцинирани. Земјата која има 10,7 милиони жители до понеделникот целосно вакцинирала против Covid-19 над 6 милиони луѓе.

Во чешките болници се хосптализирани 544 ковид-пациенти, најмногу од крајот на мај, но тоа е сѐ уште помалку отколку во март кога последниот бран на епидемијата се ширеше ни земјата. Изминатата седмица во Чешка се потврдени 54 смртни исходи поврзани со Covid-19, повеќе отколку вкупно во целиот септември.

Бугарија во вторникот пријави најмногу заразени од 24-ти март. Министерството за здравство потворди нови 4.979 зарази, а главно станува збор за позаразната делта варијанта на вирусот. Починале уште 214 лица или вкупно 22.488 од почетокот на пандемијата

Коронаинфекцитие во Бугаруја се во константен раст уште од почетокот на септември, а кај населението владее и ниска доверба во вакцините. Целосно се вакцинирани само 24 отсто од возрасната популација, во споредбата со околу 74 отсто во Европската унија. Поради тоа, бугарските власти разгледуваат нови мерки и воведување на ткн „здравствени пропусници“ за да се сузбие ширењето на заразите.

Украина во последните 24 часа потврди рекордни 538 смртни случаи поврзани со Covid-19 и 15.578 нови случаи на зараза, соопшти во вторникот министерството за здравство. Со тоа земјата вкупно бележи 2,66 милиони зарази и 61.348 починати во текот на епидемијата.

Соседната Полска со 3.931 нова зараза има речиси за 85 отсто повеќе инфекции отколку минатиот вторник, соопшти заменикот министер за здравство Валдемар Краска.

Латвија по владината седница во понеделникот вечерта најави ново „затворање“ на четири седмици, од 21-ви октовмри до 15-ти ноември за да се обиде да го запре ширењето на коронавирусот, во земјата која го има еден од најслабите проценти на вакцинираност меѓу членките на ЕУ.

Дуќаните, рестораните, училиштата и сите видови забава ќе бидат затворени. Отворени ќе бидат само неопходните услуги. Според новите владини мерки, во споменатиот период од 20 до 5 часот ќе биде воведен полициски час. Во тој период на сите жители на Латвија, без разлика да ли се вакцинирани или не, ќе им биде забрането излегување од домовите, освен за навистина итни потреби. Училиштата ќе минат на онлај настава, освен за првите три одделенија од основното образование.