Изминатите четири години во Куманово се вложи многу во спортски капацитети, во градење на спортски терени, игралишта. Се вложуваше во
училишниот спорт, се организираа спортски турнири и манифестации. Куманово во 2019 година стана Европски град на спортот за 2019 година.
„Поддршката од спортистите и спортските клубови е дополнителна мотивација за наше Куманово! Во следните четири години продолжуваме со вложување во спортот и спортските капацитети, ќе го јакнеме спортскиот дух и правилен развој на идните генерации. Кумановци активно практикуваат спорт од 8 до 88 години, затоа Куманово е спортски град во вистинска смисла на зборот“, рече независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски.
„Бидете на страната на граѓаните, на 31-ви октомври излезете и гласајте за мое, за твое и за наше Куманово“, порача Димитриевски.