
Еден човек е усмртен, а двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје кога две возила кои се судриле удриле во паркирани кола и камион.
Полицијата соопшти дека нереќата се случила вчера попладне кај „Требошки надвозник“.
Според пријавата во полицијата прво се судриле „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.А.(33) од с.Требош и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје. Потоа двете возила се удриле во паркиран „опел зафира“ на Ш.К.(49) од Тетово и товарно возило „пежо“, на Е.К.(27) од Тетово, двете со тетовски регистарски.
„На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо“ и бил излезен од возилото. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „пежото“ Е.К. кој исто така бил надвор од камионот, а со телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „голф“, Е.Љ.(31) од Тетово.
Тројцата се пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде што се констатирани повредите и смртта.
Извршен е увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.