
Рускиот милијардер Олег Дерипаска, кого американските власти и медиуми го опишуват како „близок соработник“ на рускиот претседател Владимир Путин, во средата ги оцени претресите во домовите на неговите роднини во САД како „продолжвуање на приказната“ за наводната клучна руска улога во победата на Доналд Трамп на изборите во 2016 годинa, а исто така изрази изненадување од „загрижувачката глупавост“ на дел од американскиот естаблишмент.
„Следејќи го сето она што се случува во Америјка, никогаш нема да престанам да се изненадувам од вонразумската глупост на дел од американскиот естаблишмент кој упорно продолжува да ја врти оваа приказна за наводната колосална улога на Рисите на претседателските избори во САД во 2016 година“, напиша Дерипаска во своето обраќање преку мржата Telegram-канал.
Припадниците на американското Федерално биро за истраги (FBI) во вторникот извршуваа претреси на две куќи, во Њујорк и во Вашингтон, кои медиумите ги поврзуваат со Дерипаска. Портпаролот на милијардерот за медиумите ги потврди претресите, истакнувајќи дека куќите се на роднини на бизнисменото и дека претресите се поврзни со американските санкции одреде и за стотици руски државјани.
Во подолгото обраќање Дерипаска, меѓу другото, саркастично го поставува прашањето дали биле пронајдени „парите на Путин“.
„Се освеживте ли од скиселениот џем од оставата и неколкуте шишиња вотка?!“, пишува Дерипаска.
„Погодно е уште десет години да го храните вашето гласачко тело (воспитувано со холивудски филмови за страшните Руси) со секави глупаштини …. Долгот на САД веќе изнесува веќе 30 милијарди долари. Кина (со сила и полудоброволно) ќе се обедини со Тајван, со што Тихиот Океан ќе станат кинески територијални води. Нуклеарните технологии во цивилната енергетика во САД одамна се загубени, што значи дека ќе продолжат да горат јаглен и гас, загадувајќи ја животната средина. Европа повеќе не сака да се смрзнуива поради застрашувачките приказни на НАТО дека Русите ќе дојдат“, забележува уште Дерипаска во својата објава.
Контроверзниот бизнисмен, како што Дерипаска го доживуваат на Западот, исто така, вели дека Русија сака „единствен економски простори од Лисабон до Владивосток со просперетно население и недопрена природа“.
„Но, не. За доброто на мракобесните од американскиот воено-индустриски сектро и неколкумината налудничави аналитичари (по чијашто вина долгот на САД и достигна астрономски димензии) продолжува шоуто на апсурдите“, пишув рускиот милијардер.
Претходно во вторникот ноќта според средноевропско време, американските медиуми објавија дека се спроведувала операција на FBI пред куќата на Олег Дерипаска, во Њујорк и дека е поврзана со федералната истрага што се спроведува со наводното руско мешање на изборите во 2016 година. Според весникот The New York Times објави дека FBI и оббвинителството на Бруклин веќе неколку години воделе истрага за Дерипаска, и под надзор биле домовите во Њујорк и во Вашингтон на неговите роднини во САД во кои и се спроведени претресите, но изворите потврдиле дека објектите не се сопственост на рускиот олигарх.
Претставниците на Дерипаска за односи со медиумите го негираа пишувањето на The Washington Post дека претресите во домовите на неговите роднини наводно се поврзани со кривична истрага, и посочија дека се поврзани со санкциите.