Во Љубљана нови протести против мерките и ковид-пропусниците

Повеќе илјади демонстранти повторно од средата попладнето во словенечката престолнина Љубљана протестираа против епидемиолошките мерки кои ги воведе владата и особено против задолжителните ковид-пропусници, а некои истакнаа и политички барања за оставка на владата на премиерот Јанез Јанша.

Непријавениот протест трае и во вечерните часови, со зголемена присутност на полицијата, но нема информации за инциденти и интервенција на полицијата. Со полициски кордон е спречено одењето на демонстрантите пред зградата на парламентот, и идентификувала неколку екстремно насочени лица меѓу демонстрантите, а најмалку едно лице е приведено.

Словенечката опозиција во средата во парламентарна постапка вложи интерпелација против министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, предложувајќи ги негова смена поради, како што е наведено, претерана употреба на репресивни мерки кон демонстрантите во текот на последните неколку протестни собири.

Хојс ја има довербата на премиерот Јанша кој минатата година ја одби неговата оставка, по една медиумско-политичка афера. Опозицијата за интерпелизацијата собрала 43 потписи на пратениците, речиси половина од вкупниот број парламентарци во Државниот збор во кој има 90 мандати.