
Згрозена сум од ова што го слушам и читам. Маж, кандидат за градоначалник да се дрзне да се заканува на една самохрана мајка дека ќе ѝ го одземе детето, е врв на нечовечност, ароганција и дрскост, реагира на Фејсбук Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, откако некои медиуми објавија дека кандидат за градоначалник ја злоупотребил својата службена должност како вработен во Центарот за социјални работи во Струмица и ѝ се заканувал на самохрана мајка.
Таа пишува дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој чин на закана кон една жена и додава дека бараат јавното обвинителство, полицијата и сите надлежни институции веднаш да реагираат.
– Бараме и од организациите за заштита на правата на жените во Република Македонија соодветна реакција и осуда на овој чин – вели Пешевска.