Шеснаесет жртви во експлозија и пожар во фабрика во Русија

Шеснаесет лица загинаа во експлозија и пожарот кој потоа избувнал во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавија локални медиуми.

Според Министерството за вонредни ситуации, причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“ и во моментот на несреќата во фабриката имало вкупно 17 лица.

Пожарот избувнла во работилницата за производство на барут во фабриката „Еластик плант“.

Според извори, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција. Но на веб-страницата на фабритката е наведено дека компанијата банкротирала пред шест години и оти не работи од 2017 година.