Триесет идвегодишниот еквадорски спринтер Алекс Квињонез е убиен од огнено оружје во југозападното пристаниште Гвајакивил, соопшти еквадорското министерство за спорт.
Убиениот атлетичар беше специјалист за 200 метри, дисциплина во којашто освои брозен медал на Светското првенство во Доха во 2019 година и беше најдобриот спринтер во историјата на Еквадор.
„Со длабока тага го потврдуваме атентатот верз нашиот спортист Алекс Квињонез“, објави министерстово за спорт на социјалните мрежи.
Алекс Леонардо Квињонез Мартинез бил пронајден мртов во петкот околу полноќ, а бил во друштво на уште лице кое исто така е мртов.
„Нашето најдлабоко сочувство до неговите најмили. Оне кои одземаат животи во Еквадор нема да останат неказнети. Ќе дејстуваме со сила“, обајви на Twitter Гвиљермо Ласо, претседателот на Еквадор кој има една од најголемите стапки на убиства во Јужна Америка.
Квињонез трчаше во финалната трка на 200 метри на Олимписките игри во 2012-та во Лондон, а ова лето не настапи на последните Олимписки игри во Токио.