
Ливерпул го прегази Јунајтед во дербито на денот во Премиерлигата, дебакл на клубот од Манчестер на „Олд Трафорд“, пораз со 5-0 кој ја продлабочи кризата, а Оле Гунар Солскјер е под голем притисок.
Сепак тренерот на Јунајтед нема намера да даде отказ, на потег е клубот.
„Верувам во себе, блиску сме до тоа што го сакаме во клубот, поразот боли, тешко е, ја прифаќам одговорноста“ – рече Солскјер.
Навивачите се разочарани, очекуваат реакција од раководството на клубот, но се чини дека Солскјер останува и натаму на клупата.