
Вишиот покраински суд во Минхен ја осуди во понеделникот, по судењето коешто траеше две ипол години, германската државјанка Џенифер Вениш на 10 години затвор поради убиство на девојченце која таа и нејзниот сопруг, како припадници на џихадистичката терористичка организација Исламска држава во Сирија, го купиле и го држале како робинка во 2015 година.
Претседателот на судскиот совет Рејнхолд Бајер смета дела е докажано дека осудената и нејзиниот сопруг, Ирачанецот Таха ал-Џумаили, против кого во моментов се води процес во судот во Франкфурт на Мајна, купиле и држеле во ропство една жена и нејзината ќерка, припаднички на етноконфесионалните ирачка заедница Језиди, којашто од страна на ултрарадикалната сунитска организација е сметана за неверници и
Набргу потоа џихадистичката брачна двојка, девојченцето како казна поради мокрење во кревет врзано го држало на сонце без вода, поради дека девојченцето набрзо умрело.
„Обвиенетата од самиот почеток требала да знае дека детето се наоѓа во животна опасност и не направила ништо за да ја спречи неговата смрт“, се истакнува во образлложението на пресуда.
Како што се наведува уште во пресудата, Џенифер Вејниш, која поради сопругот се преобратила во исламот, постојан на сопругот му се жалела на мајката и девојченцето, по што сопругот исто така припадник на Исламската држава физички ги злоставувал заточеничките.
Самата терористичка организација, наводно, сакал поради смртта на девокченцето да ја казни брачната двојка, кои потоа побегнал во Турција, каде што при повторниот обид да влезат во Сирија, уапсени се во 2018 година и предадени на Германија.
Одбраната на сега осудената тврдеше дека нема докази дека нивната клиентка е одговорна за смртта на девојченцето, а мајката на убиената е „несигурен сведок“. Државното обвинителство, пак, кое бараше доживотна затвораска казна, остави отворено дали ќе вложи жалба на пресудата.
Џенифер Вениш, сега триесетгодишна, која потекнува од германската сојузна покраина Долна Саксонија, обвинението освен за убиство ја товареше и за припадност на терористичка организација и злосторство против човечноста.