
Во последнот дуел од десеттот коло од шпанското фудбалско првенство, во понеделникот вечерта Селта беше убедлива на гостувањето кај „фенеријата“ Хетафе.
Двоен стрелец за победниците беше Санти Мина, во 55 и 73 минута, а во меѓувреме во 58 минута погоди и Ијаго Аспас, Хетафе од 63 минута играше без исклучениот Џане,
Селта сега е 14-та со десет бодови, а Хетафе остана последен со само два бода и без победа.
Победа нема остварено ниту претпоследниот 19-ти Леванте, но покрај петте пораза има и пет ремија со што има три бодови повеќе од Хетафе. Во опасната зона на испаѓање е и Алавес со шест бодови, но во девет кола има остварено две победи и дури седум порази, или еден помалку од Хетафе.