Државните службеници во Унгарија мора да се вакцинираат против Covid-19

Владата на Унгарија побара државните службеници да се вакцинираат против Covid-19 и носењето маски да биде задолжително во јавниот превоз од 1-ви ноември.

Додека во приватните компании сопствениците ќе можат да побараат од вработените да се вакцинираат ако оценат дека тоа е потребно.

Во изминатите 24 часа во Унгарија се регистрирани 4.039 новозаболени лица и 45 смртни случаи.

Само половина од жителите на Унгарија се вакцинирани против коронавирусот.