
Американската сојузна држава Оклахома продолжи да ја извршува смртната казна со смртоносна инјекција по шест години запирање на таквите егзекуции.
Затвореникот Џон Марион Грант, осуден поради убиство, усмртен е со инјекција во притворското одделение во гратчето Мекалистер, објави затворскиот управител.
Грант е првиот осуденик во Оклахома кој е казнено егзекутиран, откако таквата практика беше прекината во 2015 година, по неколкуте неуспешни инјектирања на смртоносниот коктел супстанции, пишува локалниот весник The Oklahoman.
Егзекуцијата е спроведена по правините процеси водени до последниот момент. Американскиот Врховен суд во четвртокот пресуди дека таа може да биде спроведена, откако Грант и уште еден осуденик добиле привремено одложување поради жалбата пред окружниот суд во Денвер.
Следните две казнени егзекуции во Оклахома се закажани за 18-ти ноември и за 9-ти декември,
Во делови од САД аболирана е смртната казна, меѓутоа таа е на сила во 27 од вкупно 50-те сојузни држави. САД минатата 2020 година егзекутирале 17 затвореници.
Во светот смртна казна се спроведува во низа држави, од Саудиска Арабија која е критикувана за брутални јавни егзекуции често без вистински пресуди, преку бесења во земјите на Блискиот исток и азиско-пацифичкиот регион, до Кина каде што според Amnesty International наводно се изведувале дури илјада егзекуции годишно.