Тедрос единствен кандидат за нов шеф на СЗО, откриваат дипломати

Тедрос Аданом Гебрејесус веројатно ќе добие уште еден петгодишен мандат на чело на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), како единстевен кандидат кого го номинирале веќе 28 земји, откриваат во петокот западни дипломати.

Дипломатите, кои во услови за анонимност зборувале за агенцијата Reuters, се повикуваат на писмо коешто СЗО го испратила до своите 194 членки и ги известила за доверливите номинации кои се наоѓаат во затворени коверти доставени кон крајот на септември.

Членки на Европската унија и три африкански земји се меѓу 28-те драви кои го номинирале, рекле дипломатите.

Претходно портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прашање за номинациите на брифинг за медиумите во Женева реле дека оваа агенција на Обединетите нации ќе објави соопштение подоцна во текот на денот.