Почувстуван нов земјотрес, од епицентралното подрачје Дебар

Во петокот напладне уште еден земјотрес е почувствуван во западните региони на Македонија, кој според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје имал епицентар во граничниот предел на соседна Албанија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Опсерваторијата , со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево,  во 12 часот и 23 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Албанија, 100 километри југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението во западните делови од нашата Република со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно утрово, околу 8,10 часот, исто така, во Македонија беше почувствуван земјотрес.

Според подтоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар EMSC епицентарот на земјотресот бил во Албанија, а силно е почувствуван и во Македонија.

Регистриран беше на 58 километри североисточно од Тирана, односно на 17 километри од македонската општина Центар Жупа.

Првичните информации велат дека потресот е со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Четири минути претходно регистиран на истото подрајче е уште еден земјотрес со јачина од 3,3 степени.