Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Културно информативниот центар, вчера ја отворија изложбата ДЛУМ „Мал формат“, на која од страна на ДЛУМ се доделија значајни признанија од областа на ликовната и визуелната уметност. Добитници на наградите се Данчо Ордев за делото „1112-3“,Љубица Мешкова Солак за делото „По Кле“,Александар Ефтимовски за делото „Композиција“.
На изложбата се претставија 75 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, со вкупно 140 ликовни дела.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.