
Според последните податоци на ДИК, во град Скопје по 11 часот на речиси 100% обработени податоци, најголема е излезноста во општината Карпош со 29,54 проценти, потоа Центар со 28,15, Кисела Вода со 27,03, Ѓорче Петров со 25,63, во Аердром 26,06, Гази Баба со 23,51, додека во Шуто Оризари 15,72, а во Чаир 19,82 отсто.
Излезноста во Арачиново е околу 26,36 проценти, во Студеничани 20,51 проценти, а во Сарај е најниска, 10,41 отсто од запишаните избирачи излегле на гласање.
На ниво на држава излезноста изнесувае 24,30 %.