Вашингтон и Москва зад затворени врати водат преговори за кибернетичката безбедост, со кои од американска страна претседава Ен Најбергер, заменичка на помошникот за национална безбедност на американскиот претседател, се тврди во објавениот во неделата напис во весникот The New York Times, повикувајќи се на сопствени извори.
Во написот се наведува дека на американско-рускиот самит во Женева во јуни, двете страни учествувале во „цела серија контакти“ на различни теми. Особено во извештајот на The New York Times се истакнува фактот дека преговорите за стратешката стабилност меѓу Вашингтон и Москва се „најдлабоките последните години“.
Притоа, како што рекол соговорникот на весникот, Најбергер „одржа голем број нејавни виртуелни состаноци со својот колега“ во руското водство. Како што се наведува натаму во написот, пред неколку седмици „по долга дискусија во американската разинавачка заедница“ САД им ги претадел на претставниците на Русија имињата и информациите за неколку хакери кои се осомничени за изведување сајбер-напади врз Америка.
Според наводите на The New York Times, „Соединетите држави очекуваат потврд дека оваа информација ќе доведе до апсења“. Така, според весникот, американската страна се надева дека ќе се убеди во сериозноста на намерите на руското водство во однос на борбата против сајбер-криминалот.
Кон средината на октомври Ен Најбергер, одговарајќи на прашање на руската дописникот на руската новинска агенција ТАСС на брифинг со странски новинари, посочи дека САД ѝ пренеле на Русија конкретни информации во врска со криминални елементи коишто дејствуваат од нејзината територија, според наодите на Вашингтон, кои користат компјутерски вируси за изнудување и сега се во очекување натамошните чекори на Москва.
Високо позиционираната претставничка на американската администрација изјави претходно дека Русија веќе преземала чекори во насока на одгворо на американските сигнали за осомничени сајбер-криминалци. САД, според Најбергер, „очекуваат продолжување во ваа сфера“.
На 16-ти јуни во швајцарска Женева се одржаа разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател, првата директна средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден и воедно беше прв руско-американски самит по 2018 година. Во заедничката изјава по самитот, двајцата челници истакнаа дека нивните земји имаат намера да започнат сеопфатен билатерален дијалог за стратешка стабилност, кој ќе биде „суштински и енергичен“. Покрај, тоа Вашингтон и Москва најавија дека планираат да започнат консултации за кибернетичката безбедност и контрола на вооружувањето.