Осма европска титула за Дејан Недев на ЕП во Белград

Дејан Недев стана европски шампион во кати за сениори на 35-от ЕТКФ ЕШ во традиционално карате.

Ова за Дејан Недев е осма европска титула во неговата богата натпреварувачка кариера, откако првата титула ја освои пред десет години на ЕТКФ ЕШ во Ерусалим, Израел во 2011 година.

Претходно во саботата на вториот ден од европскиот шампионат, македонската селекција освои уште две сребрени медали, и тоа Антонија Белазелкоска освои второ место во фукуго за јуниорки и Мила Младеновска второ место во фукуго за кадетки.

Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција, но, за жалм не успеаја да дојдат до медал.