ФОТО| Глазгов во понеделник и вторник е политичката престолнина на светот

Политичари, полицајци и демонстранти се собраа во Глазгов, најголемиот шкотски град и домаќин на климатска конференција COP26 под покровителство на Обединетите нации, кој во понеделникот така на два дена станува политичка престолнина на светот.

На собирот, како што го прогласија организаторите, за спас на климата со кој претседава Обединетото Кралство, пристигнуваат околу 120 светски челници, меѓу кои американскиот претседател Џо Бајден со илјада делегати, германската кацеларка на заминување Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Но на собирот нема лично да се појави рускиот претседател Владимир Путин кој како и на самитот на Г20 кој заврши во неделата во Рим ќе се обрати со видео-порака, како што објави претходно Кремљ кој не отпатува поради епидемиолошките ситуации во земјата и Европа, ниту кинескиот челник Кси Џинпигн кој исто така како на Г20 ќе се обрати со снимено обраќање и не ја напушти Кина од почетокот на избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, а чија земја е обвинета како најголемиот светски емитер на штетни гасови. Во Глазгов нема да се појавни ниту бразилскиот претседател Жаир Болсонари, чија земја е домот на амазонските „бели дробови на планетата Земја“ кој е приврзаник на мислењата дека климатските промени како резултат на човековите активности се политикантски лукративно измислени теории.

Во Шкотска доаѓаат и поранешниот американски претседател Барак Обама како промотер и лобист за неолибералните политики, медиумски лансираната шведската тинејџерска климатска активистка Грета Тунберг, британскиот приридонаучник и телевизиски автор Дејвид Атенборо и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во Глазгов го очекуваа и папата Франциск, но поглаварот на Римокатоличката црква ќе отсуствува поради здравствени причини, како и британската кралица Елизабета Втора, којашто на самитот ќе ја претставуваат синот и внукот, принцовите Чарлс и Вилијам.

На собирот се очекуваат 25.000 делегати, поради што дел од британските медиуми тоа го сметаат за најголем дипломатски настан во британската историја и најголем насатан во Обединетото Кралство од Олимпијадата во Лондон во 2012 година.

Поради големиот интерес процесот на акредитирање за новинарите е затворен неколку седмици пред првични одредениот рок. Во понеделникот делегатите и гостите на влезот во COP26 така ги дочека голема мешаница.

Сите коишто пристигнуваат мораа да бидат тестирани пред патувањето со PCR тест на коронавирусот, и покрај тоа што примиле две дози од вакцините, а во Шкотска ќе мора да бидат тестирани со брзот тест секој дена пред влегувањето во комплексот во кој се одржува COP26.

На улиците во Глазгов ќе се слеат и голем број демонстранти, се проценува неколку десетици илјади. Протестната група Extinction Rebellion најави дека сака да предизвика нарушувања, а еколошката организација Greenpeace дека ќе навлезе во градското пристаниште на рекатa Клајд со својот брод „Rainbow Warrior“, иако забранета е пловидбата во текот на конференцијата. А за активистите да не бидат успешни во своите намери ќе се грижат 10.000 полицајци кои пристигнаа во Шкотска од сите региони на Обединетото Кралство, што ќе чини околу 250 милиони фунти, објави британскиот јавен сервис BBC.

Огромниот прилив на луѓе во Глазгов, град кој брои околу 600.000 жители, резилтираше со експлозија на растот на цените за сместување, доколку и воопшто може да се обезбеди. Градските власти проценуваат дека градот има капацитети да прими 15.000 лица.

Оттаму, голем број пристигнати, на пример оние кои не сакале да престојуаат за речиси 100 фунти дневно во комбе кое беше понудено на „Airbnb“ во Глазгов, се сместија во блиските места и во на час возење оддалечената шкотска престолнина Единбург.

За да се прошира сместувачките капацитети, во Глазгов пристигнаа и два туристички крузера, а покрената е и мрежа на којашто жителите на градот ги отвораат своите домови за посетителите, особено за активистите кои не можат да си дизволат скапо сместување.

BBC проценува дека легло не нашле повеќе од 3.000 луѓе, голем дел од нив се делегати од сиромашните земји. Британскиот Channel 4 ја пренесува сторијата за брачен кревет во Глазгов кој е изнајмен на двојца делегата од Јамајка и од Кајманските острови кои сѐ уште не се запознале.

Дополнителен хаос во Глазгов за малку ќе предизвикаа и железничарите од претпријатието „ScotRail“ коишто се заканија со штрајк насочен поради COP26, но во последен момент успеаја со градските власти да договорат зголемување на нивните плати. Меѓутоа, постигнување таков договор не им успеа на работниците претпријатието за градска чистота, па тие во понеделникот од полноќ во време на собирот за заштита на планетата од загадувањата, ќе престанат да ги чистат улиците и да го изнесуваат сметот.