Беса не се согласува со оставката на Заев

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа по координативниот состанок на коалиционите партнери во Владата рече дека не се согласуваат со оставката на Зоран Заев, но оти тоа е личен чин за кој премиерот сам одлучува.

– Бевме информирани дека останува на оставката, нормално наше барање е за тоа да има простор за колку време тоа би се извршило, бидејќи сме во многу деликатна ситуција политичка, каде што навистина може каков било погрешен чекор да направи тотален хаос, а тоа реално би не однело до предвремени избори за што сите се согласивме дека не е момент, ниту има простор да се организираат – заклучи Хоџа.

Тој рече дека на средбата, коалициските партнери покажале дека мнозинството е стабилно и дека владејачкото мнозинство треба да продожи.

– Сите се согласивме дека какви било процеси што би воделе кон предвремени парламентарни избори ќе бидат многу проблематични, тешки и за економската ситуација, социјалната и безбедносната во државата. Затоа сите едногласно сме против организирањето на предвремени избори. Се наоѓаме во многу деликатен процес и заради тоа треба сите заеднички да го искажаме ставот дека навистина е потребно да продолжи владејачкото мнозинство бидејќи целта и на оваа Влада кога се состави беше да се убрза процесот на евроинтеграции – рече Хоџа.