Претставници на сите партии од парламентарното мнозинство денес одржаа состанок во просториите на македонската Влада.
По катастрофалниот пораз кој СДСМ го доживеа на локалните избори, Зоран Заев поднесе оставка. Тој веќе не е ниту премиер, ниту лидер на СДСМ.
Но, со цел да добие поддршка од партиите со кои е во коалиција, тој ги покани на средба.
Ништо немаше да биде спорно ако ПАРТИСКА средба закажеше и одржеше во ПАРТИСКО седиште, но со овој негов потег тој прави злоупотреба на Владата како институција и објект.
Дополнително на тоа, направи и злоупотреба на вработени во Владата кои освен што морале да присуствуваат на работното место иако средбата не е во нивна надлежност или работен интерес, требало да напишат и испратат и известувања до медиумите. За партиската средба која денес си ја направи Заев, не информираше прес-службата на СДСМ, туку прес-службата на Владата.
-Коалициските партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Македонија ѝ е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување, се наведува во соопштението.
Како што соопшти Владата, заеднички било констатирано дека на Македонија и на граѓаните на земјата не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.