9.8 C
Skopje
недела, ноември 10, 2024

(ФОТО) Руска убавица, олимписка шампионка, го остави спортот за ТВ-кариера и инфлуенсерство

Русинката Каролина Севастјанова, гимнастичарка која беше светски талент и олимписка шампионка, после 17 години реши да се збогува од спортот и да му се посвети на Инстаграм и заработката од оваа социјална мрежа.

Севастјанова беше олимписка шампионка за млади во 2010, две години потоа беше европска шампионка, стигна до злато на Светскиот куп и потоа во Лондон во 2012 година во повеќебој како дел од рускиот тим освои олимписко злато на Летните Олимписки игри. Од поодамна ја имаше со себе титулата „мис на СССР“, како најубава спортистка од поранешните советски простори.

И сега убавината реши да ја наплати како модел и преку една од најпопуларните мрежи Инстаграм, а најави дека ќе се посвети и на телевизиска кариера. Како „инфлуенсерка“ веќе рекламира низа производи, а сѐ почести се разголените фотографии.