Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ сослушан е во Државното јавно обвинителство во врска со сознанијата за убиството на главниот и одговорен уредник на весникот „Дан“, Душко Јовановиќ.Претставниците на обвинителството побараа од него да објасни дали неговате изјави за ликвидација на Јовановиќ се од политичка природа или има некои други информации за тоа злосторство, пишува „Дан“.
Според информациите на весникот, Ѓукановиќ не приложил ниту еден конкретен доказ против поранешнио премиер на Србија, Војислав Коштуница кој пак своевремено го обвини дека стои зад убиството на Јовановиќ.Пред Ѓукановиќ, во мај по истиот повод е сослушан и црногорскиот министер за правда Душко Марковиќ.
Јовановиќ беше убиен на 27 мај, 2004 година пред редакцијата на „Дан“. За ова убиство за сега како соучесник беше осуден Дамир Мандиќ на кого Уставниот суд на Црна Гора му ја укина пресудата од 18 години затвор и наложи ново судење.