Новата чешка влада нема да го воведе еврото, изјави во вторникот Збинек Станјура, кој би требало да биде идниот министер за финансии.
Иако петте парти коишто ја сочинуваат новата владејачка коалиција на десниот центар генерално го поддржуваат воведувањето на еврото во одреден период, тоа праѓање не високо на нивната агенда во следните четири години.
„Мораме да ги доведеме во ред јавните финансии, па дури и доколку некој го сака еврото, немаме никакви можности да го воведене сега, бидејќи не ги исполнуваме критериумите“, изјави Збинек Станјура од партијата Граѓански демократи, кој веројатно ќе го преземе министерството за финансии.
Чешкиот буџетски кусот, според министерството за финансии, годинава ќе изнесува 7,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), повеќе од двојоно од 3 отсто колку што е пропишано за влегување во еврозоната. За Станјура постои уште една причина за одложување на воведувањето на еврото.
„Наш долгогодишен став е дека ќе го воведеме еврото само кога тоа ќе биде поволно за Чешка, што досега не беше случај“, додаде Станјура на брифингот за новинарите пренесува на телевизиите.
Новата владејачка коалиција очекува дека до 8-ми ноември, кога првпат ќе биде свикан новиот состав на парламентот, ќе биде договорена владината програма и распределба на министерствата. Партијата на Станјура, која е најсилната во коалицијата, е инаку најмногу резервирана кон воведувањето на еврото.