Чави веќе се договори со Барселона

Тренерот на Ал Сад, 41-годишниот Чави Ернандез, ќе ја предводи Барселона. Поранешниот капитен на каталонскиот фудбалски великан веќе се договорил за соработка со клубот од „Камп Ноу“, објави тиражното спортско издание Mundo Deportivo.

Некогашната ѕвезда од славните денови на Барселона ќе заработува помалку отколку што заработува во катарски Ал Сад, а истовремено значителен дел од неговата плата ќе биде препишан како бонуси за постигнување одредени цели.

Шефовите на катарскиот клуб веќе дадоа зелено светло за преселба на Чави, но како дел од оваа зделка сакаат да договорат и пријателски натпревар против Барселона во иднина.

На 27-ми октомври, по една од најлошата низа лоши резултати, Барселона му додели отказ на тренерот Роналд Куман