
Времето во средата во Македонија наутро по котлините е со појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.
Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура се движи во интервалот од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје и околината утрово има магливост и ниска облачност којашто во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен праве