Најпопуларниот актер на Балканот повеќе не е сингл – Биковиќ ја покажа новата девојка (ФОТО)

Во Белград синоќа се одржа премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“, а актерот Милош Биковиќ покажа ја новата девојка.

Девојката на Милош се вика Ивана, има 25 години и е млада адвокатка. Згодната бринета цело време била со Милош, а била облечена во бордо фустан.

Медиумите пишуваа дека Биковиќ во август бил со мистериозна девојка на море, но очигледно е дека оваа љубов не траела долго.

„Забрзување“ е продолжение на филмот од 2018 година и најпопуларниот минатогодишен серијал, а првата проекција ја имаше кон средината на јули годинава на Филмскиот фестивал во Пула.