Гостиварец ја силувал својата полусестра

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против 18 годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 15 јули, обвинетиот со употреба извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила. Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото“, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​