Последните денови слушаме разни реторики за комибинаторики за бушава математика како во бројка тоа СДСМ победила, меѓутоа да не се шегуваме цела Македонија знае зошто излезе на гласање, како гласаше, како Македонија се пребои во црвено, вели Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.
Мизрахи смета дека една од причините за ваквиот пораз на локалните избори на Зоран Заев е поради неговите лаги, лоша реторика и недолични гестикулации во текот на изминатите 5 години.
-Македонија се пребои во црвено и тоа е доволен показател за тоа како народот размислува во овој момент, апропо неговата реторика, лаги, апропо неговиот лош речник и синуациите и гестикулацијата која што ја користеше овие пет години, истакна таа.
Во однос на оставката на Заев, Мизрахи вели дека согласно Деловникот на Собранието по кој што работата пратениците, оставката на претседателот на владата се доставува во писмена форма до претседателот на Собранието, а потоа тој ја доставува до пратениците и шефот на државата, укажувајќи дека според член 220 од истиот Деловник собранието на првата наредна седница без претрес се констатира истата.
-Оставката се доставува во писмена форма до претседателот на Собранието. Оставката на владата или претседателот на владата, вели претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на републиката и во член 220 од истиот овој Деловник кој што е уште функционален и работиме по него, собранието на првата наредна седница без претрес констатира дека на претседател на Владата или на член од Владата мандатот му престанува на денот на одржување на таа седница, потенцираше Мизрахи.
Мизрахи нагласи дека локалните избори биле референдум за валидноста на оваа влада, додавајќи дека народот сака промена на власта, како и дека очекува предвремени парламентарни избори да има многу скоро.
-Народот сака промена на власта. Народот сака промени и подобра и нова иднина и тоа го кажаа на локалните избори, за кои да беа референдум за валидноста на оваа влада и очекувам дека предвремени парламентарни избори ќе се случат многу скоро, рече Мизрахи.