На Волстрит нови рекорди, Fed ги намалува поттикнувањата

На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси достигнаа нови рекордни нивоа, откако американската централна банка Federal Reserve (Fed) најави намалување на износите за купување на обврзници од ноември, што пазарот и го очекуваше.

Индексот Dow Jones зајакна за 104 индексни поени или за 0,29 отсто, на 36.157 поени, додека индексот S&P 500 скокна за 0,65 отсто на 4.660 поени, а Nasdaq индексот за 1,04 отсто, на 15.811 поени.

И на повеќето европски берзи цените на акциите во средата пораснаа. Додуше лондонскиот FTSE индексот ослаби за 0,36 отсто на 7.248 поени, но франкфуртскиот DAX порасна за 0,03 отсто на 15.959 бодови, а парискиот CAC за 0,34 проценти на 6.950 поени.

Американската централна банка ќе започне од ноември да ја намалува програма за купување обврзници, којашто од почетокот на минатата година ја поддржува ликвидноста на финансиските пазари и го поттикнува закрепнувањето на стопанството од коронакризата. Fed досега купуваше обврзници за 120 милијарди долари месечно, а од ноември овој износ ќе се намалува месечно за по 15 миилијарди долари.

Челниците на Fed по дводневната седница порачаа дека се решиле на таков потег благодарејќи на значителниот напредок на економијата кон целите кои ги зацртаа кон крајот на минатата година. Во соопштението се наведува и дека програмата за купување обврзници би можела да биде завршена кон половината на идната година, но дека се можни и пролагодување на темпото на намалувањето на поттикнувањата, зависно од економската ситуација.

Во Fed, исто така, го задржаа ставот дека јакнењето на инфлацијата ќе биде привремено и дека веројатно нема да биде потребно брзо да ги зголемува каматните стапки.

„Fed не го залула чамецот. Со месеци добро сигнализираше што би можел да стори и сега го направи она што повеќето вложувачи го очекуваа“, оценува за Reuters Рајан Детрик, стратег во компанијата „LPL Financial“.

„Имајќи го предвид заздравувањето од коронакризата, на стопанството повеќе не му се потребни толкави поттикнувања“, додава Детрик.

На прес-конференцијата претседателот на Fed, Џером Пауел, изјави дека до половината на идната година пазарот на трудот би можел доволно да закрепне за да се достигне „целосна вработеност“, А тоа е предуслов за зголемување на каматите на Fed.

„Мислам дека во соопштението на Fed нема ништо особено, освен фактот дека се обидуваат да добијат на време со пораките дека и инфлацијата и нарушувањата во синџирите на набавките се привремени, а тоа е најважното“, оценува Џозеф Лаворња, економист во компанијата „Natixis“.

Петти последователен рекорд на S&P 500 индексот

Благодарејќу на пораките од Fed, на Волстрит последните денови растата берзанските индекси. Така, Dow Jones достигна рекордно ниво четврти, а S&P 500 и Nasdaq петти ден со ред.

Поодршка на пазарот му пружаат и подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите. Досега околу 360 компании од составот на S&P 500 индексот ги објавија резултатите, при што околу 82 отсто оствариле поголеми заработки отколку што проценуваат.

Оттаму, сега аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработките на компаниите и банките од составот на S&P 500 индексот во третиот квартал пораснале за 40,4 отсто во однос на истиот лански период, додека на почетокот од октомври очекуваа раст од 29,4 отсто.