Во американскикот напад со дрон во Кабул превид на доказите за присуство на дете

Не се прекршени законите кога американскиот воен дрон уби десет цивили од кои седум деца на 29-ти август во авганистанската престолнина Кабул, заклучено е во истрагата на американското министерство за одбрана, пренесуваат во четвртокот агенциите.

На брифингот за новинарите во средата, генерал-полковникиот Сами Саид, главен инспектор на воздухопловните сили на САД, рекол дека неговиот тим ги прегледал истите разузнавачки податоци достапни на тимот кој го извел нападот, како и нивната комуникација.

„Не утврдив кршење на законот или военото право“, изјавил Саид, но не открил никакво поединечно однесување кое би укаживало на нивото на кривична негрижа.

Пентагон објави документ за наодите од извештајот, но не и самиот извештај, коешто е доверливо, пренесува германската новинска агенција DPA.

Од Пентагон првично соопштија дека целта бил бомбаш самоубиец на џихадистичката групација Исламска држава кој претставувал непосредна закана за американските војници на кабулскиот аеродром додека ја довршувале последната фаза од повлекувањето на Авганистан.

Нападот беше изведен по нападот на бомбашки-самоубијци на Исламската држава на кабулскиот аеродром кога беа убиени 13 американски војници и повеќе талибански борци, како и многу авганистански цивил кои на аеродромот очајнички се обидуваа да ја напуштат земјата поради повлекувањето на странските војници и победата на талибаните.

Во истрагата на главниот инспектор на американските воздухопловни сили се наведува дека причините за нападот се грешки во постапката и грешки во комуникациите, пренесува Reuters.

„Тоа е тажна грешка. Тоа е искрена грешка“, изјавил за новинарите генерал-полковникот Сами Саид.

Кога ги прегледал податоците и видео-снимките, Саид пронашол докази дека таму во близината било дете, околу две минути пред да биде повлечен орозот за нападот со дронот. Меѓутоа, додал дека го забележал присуството на дететото додека ги прегледувал снимките по инцидентот и дека во тој момент било „лесно да се пропушти“.

Саид не препорачал дисциплински мерки, но рекол дека на командантите ќе им биде препуштена одлуката за тоа кои мерки за одговорност треба да се преземат, доколку ги има.

Стивен Квон, соосновач и претседател на „Nutrition and Education International“, која била работодавач на една од жртвите, изјави дека истрагата е „длабоко разочарувачка и непримерна“

„Според главниот инспектор, се случила грешка но никој не постапил погрешно, а ја се прашувам како е тоа возможно?“, истакнува Квон во својата писмена изјава за јавноста.