![dolari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/dolari-1.jpg?resize=512%2C340&ssl=1)
Курсот на доларот закрепна во четвртокот во односот на другите водечки светски валути на меѓународните пазари од големите загуби во претходниот трговски ден по дводневната седница на американската централна банка Federal Reserve (Fed).
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута кој другите шест најважни валути восветот, околу пладнето по локално време во четвртокот бил во позитива 0,4 отсто во однос на заршувањето на тргувањето во средата, на 94,25 поени.
Еврото притоа ослабие 0,58 отсто во однос на доларор и изнесуваше 1,1542 долари.
И британската фунта значително ослаби, за 0,43 отсто од претходниот трговски ден, на 1,3624 долари, а кон еврото се лизна за речиси за 0,2 отстом, на 84,67 пени за евро. Во меѓувреме вложувачите ја очекуваат одлуката од денешната седница на британската централна банка Bank of England (BoE), која може да стане првата од водечките централни банки којашто ќе ги подигнува каматните стапки.
Курсот на американскиот долар кон јапонскиот јен не бележи поголеми промени и околуи пладнето изнесуваше 113,99 јени, и се задржа во близина на највисоките нивоа последните четири години.
Американската централна банка Fed, како што беше објавено во средата по завршувањето на дводневнара седмица, ќе почен подоцна во ноември да ја намалува програма за купување обврзници месечно за по 15 милијарди диолари, откако досега купуваше за 120 милијарди долари во месец поради поддршката на закрепнувањето на економијата од коронакризата.
Оваа одлука главно беше очекувана на пазарите. Многу поголемо внимание привлекоа, меѓутоа, изјавите на претседателот на Fed, Џером Поувел, кој рече дека нема намера да брза со зголемувањето на каматните стапки.
Првите реакции на пазарите на вчерашните пораки од Fed одеа во полза на капиталот кој вложувачите го сметаат помалку ризичен, па берзанските акции на њујоршки Волстрит на затворањето достигнаа нови рекордни нивоа, додека доларот кој ја инвеститорите котира како сигурно засолниште за капиталот, остро ослабе кон кошничката валути, накусо лизнувањејќи се до 93,80 поени.
Во фокусот на инвеститорите беа и најновите пораки од претседателката на Европската централна банка (EBC), Кристин Лагар, која во средата изјави дека е мала веројатноста деке централната бнака на еврозоната ќе ги подигне каматите следната година.
Еврото, според Кит Џjукес, аналитичар во „ Societe Generale“, останал под притисок кон доларот имајќи предвид дека ECB очигледно заостанува зад Fed по пршањето на заострувањето по монетарната политика.
На пазарот на криптовалутите, вредноста на биткоинот се лизна за 2 отсто, на 61.589 долари и натаму се движи под рекордните 67.000 долари, кои ги достигна во октомври.