![инфективна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/infektivna-2.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Министерството за здравство денеска соопшти дека во период од 06 август до 04 ноември на територија на државата 48.955 граѓанин биле позитивни на Ковид- 19, од нив 28 отсто биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Од министерството додаваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.
Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72 отсто од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 отсто, додека само 22 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Анализата, како што наведуваат од министерството, покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.. Во посочениот период на територија на државата починале 1.688 пациенти со Ковид- 19.
Според соопштението, 1.376 пациенти од починатите, односно 82 проценти не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 312 примиле вакцина. Анализите покажале дека починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.