Пожар вечерва избувна во РЕК Битола. Како што неофицијално дознаваме гори трафостаница во рамки на термоелектраната.
Според неофицијалните информации паднати со работа се двата блока. На терен се противпожарни екипи.
„Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, објавија во кусото соопштение од ЕЛЕМ.
И додека под раководство на СДСМ има проблем со производството на струја, од АД ЕСМ и директорот Васко Ковачевски нема информации за состојбата во РЕК Битола.
Пожарот се случува среде енергетска криза. Во вторник комисијата предводена од министерот Крешник Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба.