ФОТО| Бројот загинати во експлозијата на цитерна во Сиера Леоне надмина 90 лица

Најмалку 92 лицa загинаa а повеќе од 100 се повредени во главниот град на Сиера Леионе кога експлодираше камион-цистерна по судар, објавија локалните власти во саботата наведувајќи го податокот од централната градска мртовечница.

Владата сѐ уште не го потврдува бројот на загинатите, но управникот на центрачната мртовечница во Фритаун изјавил дека по експлозијата пристигналe 92 тела, пренесува во саботата Associated Press.

Другите сто повредени се примени во болниците и клиниките ширум главниот град, изјави заменикот министер за здравство Амара Џамбај.

Меѓу загинатите се и лица кои го собирале горивото кое истекло од оштетената цистерна, објави во пост на социјалните мрежи Ивон Аки-Савјер, градоначалничка на пристанишниот град.

„Имаме многу жртви, спалени тела. Ова е грозна, грозна несреќа“, изјавил Брима Бурах Сесаи, челник на националната агенција за кризен менаџмент, во видео објавено од местото на несреќата.

Градоначалничката изјави дека размерите на штетата во Фритаун сѐ уште не се познати, додавајќи дека полицијата и нејзиниот заменик се на местото на несреќата подоготвени да им помогнат на службениците за управување со катастрофи.

„Моето најдлабоко сочуваство на семејствата кои ги загубија најмилите и на оние кои се осакатени. Мојата влада ќе стори сѐ да помогне на семејствата на настраданите“, објави на Twitter претседателот Џулиус Маада.

Снимките коишто се споделуваат облајн, прикажуваа неколку тешко изговрени жртви како лежат на улиците, додека пожарот се проширил на продавниците и куќите во близини.

Смртоносните несреќи во субсахарска Африка претходно веќе однесуваа многу животи на лица кои се собираат за да го собираат излеаното гориво и притоа страдаа во експлозии предизвикани од невнимание.

Во 2019 година во експлозија на цистерна на истокот на Танзанија усмрти 85 лица, додека 50 лица загинаа во слична катастрофа во Демократска Република Конго во 2018 година.