Во Хрватска во последнтие 24 часа како последици од компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19 починале дури 50 лица, што е најмногу починати во еден ден во најновиот бран на епидемијата во земјата, а новиот црн рекорд се потврдува и со бројот на новозаразените од 7.094 лица, извести во саботата Штабот за цивилна заштита.
Бројот на активните случаи во Хрватска во моментов е вкупно 31.789. Меѓу нив 1.786 пациенти се на болничко лекување, од тоа на респиратори се 234 пациенти.
Од 25-ти февраури 2020 година, кога во Хрватска е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот, до денеска се забележани 497.168 лица заразени со новиот коронавирус SARS-CoV-2, од кои починале 9.450 пациенти. Во самоизолација во моментов се 30.256 лица.
Заклучно со петокот 5-ти ноември хрватските здравствени власти потрошиле 3.675.807 дози од вакцините против Covid-19, а вакцинирани се 47,78 отсто од вкупното население, односно 57,19 отсто од возрасното население. Во петокот биле употребени 17.334 дози од вакцините, од кои 8.819 лица се вакцинирани со првата доза.
Заклучно со петокот 1.939.061 лица од вкупно над четири милиони жители се вакцинирани барем со првата доза, а од нив вакцинирањето го завршиле 1.816.377 лица, од кои 1.696.577 се вакцинирани со двете дози а 119.800 лица се имунизирани со вакцината на „Jannsen“ која се дава во една доза, што сочинува 53,71 отсто од возрасното население.