Ахмети овластен сам да донесува одлуки, ќе преговара со сите политички партии

Централниот одбор на ДУИ, највисокиот орган на партијата помеѓу два конгреса, го овласти лидерот Али Ахмети да преговара со сите политички партии од двата блока, но и да донесува одлуки во врска со настаните по најавената оставка на премиерот Зоран Заев и најавите за ново парламентарно мнозинство на три други партии на Албанците со ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите опции се на маса, а претседателот на партијата Ахмети е овластен разговара со сите конструктивни сили во оваа држава и е овластен да може да донесе одлука. Членовите на централниот одбор се согласија дека продолжувањето на евроатланскиот курс на државата е без алтернатива и е неопходно да се смогнат сите сили овој курс на државата да биде гарантиран. Централниот одбор едногласно го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии со цел да се задржи овој евроатлански курс на државата. Притоа, тој ќе разговара со сите политички партии од двата блока, освен со оние партии кои се директно против евроатланскиот курс и против стратешките интереси на граѓаните и државата. Претседателот Ахмети ќе разговара со цел да се одржи политичката стабилност во државата и е во блиска консултација со нашите стратешки партнери – изјави министерот Бујар Османи и портпарол на ДУИ по завршувањето на состанокот.

Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии за да како важен и одлучувачки фактор после парламентарните и локалните избори со цел да се задржи овој прогресивен пат и овој евроатлански курс на државата при тоа разговарајќи со сите политички партии со двата блока освен тие што се против овој евроатлански курс, против стратешките интереси на граѓаните и државата – изјави Османи.

Тој рече дека со тоа овластување кое го има од централниот одбор, Ахмети продолжува да разговара со претставници на другите партии со цел да се одржи политичката стабилност.

– Станува збор за партии кои се програмски определени против стратешките интереси на граѓаните и државата бидејќи сметаме дека тоа е волја на граѓаните и волја на нашите сојузници и интерес на државата  комбинаторики да не бидат дел од било кое планирање. Ахмети е овластен да донесе одлука, имајќи предвид на ДУИ како едно сидро. Граѓаните да бидат мирни, Ахмети ќе ја донесе правилната одлука – истакна Османи.