
Претпладне во понеделникот во Македонија по оделни котлини, особено долж Повардарието, има појава на магла, во останатите делови е сончево со мала до умерена облачност.
Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, па ќе преовладува умерено до значително облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните до максимални 24 Целзиусови степени.
Слично време ќе има денеска и во Скопје и околината, со максимална дневна температура од 19 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.