Иран од САД бара гаранции дека нема да го напуштат нуклеарен договор

Иран во понеделникот објави дека Соединетите држави би требало да дадат гранции дека повторно нема да се откажат од нуклеарниот договор, кој Техеран го потпишаа со шесте светски сили во 2015 а од кој Вашингтон се повлече во 2018-та, доколку успеат преговорите за заживувањето на договорат.

Индиректните преговори меѓу Иран и САД, кои запреа во јуни годинава по изборот на тврдолинијашкиот ирански претседател Ебрахим Раиси, би требало да продолжат на 29-ти ноември во Виена за да се изнајдат начини за повторно воспоставување на договорот, од кој еднострано истапи Вашингтон барајќи тој да ја опфати и иранската ракетна програма и повторно воведе ригорозни санкции против Техеран.

Повторувајќи го официјалниот став на Иран, портпаролот на тамошното министерство за надворешни работи Саид Катибзадех изјави дека САД би морале да ги укинат сите санкции. Додаде, исто така, дека Вашингтон би требало да ја „препознае својата грешка со откажувањето од договорот“.

САД минатата седмица соопштија дека договорот со кој би се спасил договорот за иранската нуклеарна програма е можен „набрзо“ по продолжувањето на преговорите на 29-ти ноември во Виена, со услов Иран да биде „сериозен“ во своите намери.

Велесилите коишто во 2015 година го потпишаат договорот кој требаше Иран да го спречи да дојде до атомска бомба, сѐ се поупорни Техеран да го одреди дневниот ред за враќањето на преговарачката маса, откако како одговор на американските санкции постепено ги суспеднираше ограничувањата произлезени од договорот.