Дваесет и седумгодишен жител на Белград е уапсен поради сомнеж дека во текот на оваа и минатата година ограбил шест банки и се стекнал со противправна имотна корист од околу 55.000 евра.
Уапсениот разбојник се товари дека маскиран влегувал во банки и со закана од пиштол од вработените ги земал парите.