Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека го одржал ветувањето дадено на рускиот колега по должност Владимир Путин дека ќе САД ќе ги ловат хакерите по целиот свет и оти ќе ги активираат сите сили на федералната валда за да се ограничат криминалните активности во кибернетичката сфера, коментирајќи го обвинението и воведувањето санции за вмешаност во сајбор криминал за руски и украински државјанин.
„Ќе ја искористиме целата моќ на федералната влада за пресекување на злонамерните активности во сајбер просторот (…), за да ја зајакнеме заштитата на земјата, да се справиме со злоупотребата на виртуелната валута за перење пари исплатени за откуп и ќе ја користиме меѓунаридната соработка за уништување на ифнрастуктрирата на изнудувачките софтвери и борбата против засолништата престапниците изнудувачи“, се наведува во посмената изјава на американскиот претседател која во понеделникот ја објави Белата куќа.
„Кога се сретнав со (рускиот претседател Владимир) Путин (на самитот во швајцарска Женева) во јуни, јасно ставив до знаење дека САД ќе преземат чекори за да ги изведат кибернетичките криминалците пред лицето на правдата. Тоа го сторивме денеска“, додава Бајден.
Американскиот челник дека осигурувањето на кибернетичката безбедноста на Американците и американските компании е врвниот приоритет за неговата администрација.
„Иако преостанува уште многу работи, презедовме важни чекори за да ја заштитиме нашата клучна инфраструктура од сајбер-напади, да ги повикаме на одговорност оние кои ја загрозуваат нашата безбедност и да работиме со нашите сојузници и партнери ширум светот за да ги уништиме мрежите на софтверските криминалци изнудувачи. Мојата администрација ќе продолжи да ги користи сите алатки коишто ни стојат на располагање за да ги заштитиме американскиот народ и американските интереси од сајбер заканите“, заклучува во изјавата Бајден.
Изјавата на американскиот претседате беше објавена откако беше соопштеное дека САД поднеле обвиненија за кибернетички изнуди против Русинот28-годишниот Евгениј Полјански и Украинецот 22-годишниот Јарослав Васински уапсен во октомври во Полска. Двајцата се осомничени за пропадност на хакерска група која била вклучена во сајбер напади преку кои изнудила повеќе од 200 милиони долари во криптовалути од своите жртви.
Според американското министерство за финансии, хакерската група го користела изнудувачкиот софтвер Sodinokibi/Revil, кој бил уфрлен во околу 175.000 комјутери ширум светот. И двајцата претходно биле ставени на американската листа за санкции на поединиц.
Според американскиот главен обвинител Марик Гарлен, Русинот е обвинет за „кибернетички напади со изнуда“. Според америакснкото правосудство тој од жртвите примил вкупно 13 милиони долари, од кои 6,1 милиони му биле конфискувани. Полјанин, според лоцирањето на американското Федерални биро за истраги (FBI), веројатно е во Барнаул.
Украинецот, пак, е обвинет за сајбер-нападот во јули годинава врз ИТ-компанијата „Kaseya“ и упте девет американски компании. Васински веќе е приведен во Полска и се очекува негово екстрадирање во САД. Тој е обвинет по 11 точки, вклучително и за заговор за измама и изнуда, како и за перење пари и за намерно ошптетување компјутери.
Стејт департментот објави дека американските власти понудиле награда од десет милиони долари, што е на нивото на сумите понудени за најбараните меѓународни терористи, за информации кои ќе помогнат да бидат идентификувани и лоцирани водачите на групата којашто се препознава под името Sodinokibi/REvil.