ВИДЕО| Ретки досега необјавени снимки вметнати во филмот за Чарли Чаплин

На YouTube каналот на телевизискиот канал Showtime викендов беше објавен трејлерот за документарниот филм „The Real Charlie Chaplin“ (Вистинскиот Чарли Чаплин) посветен на животот и кариерата на ѕвездата на немиот филм.

Автори на филмот се Питер Мидлтон и Џејмс Спини, кои претходно во 2016 година го снимија „Notes on Blindness“ (Белешки за слепоста), а продуцент е Бен Лимберг.

Во филмот за Чаплин се вклучени архивски снимки од приватната архива на актерот, вклучително и досега неприкажани снимки, извадоци од филмовите во кои се појавува еден од најславните филмски комичари направени зад сцената. Филмот раскажува како актерот побегнал од сиромашните кварови на викторијански Лондон и станал холивудска суперѕвезда, а исто така се обидува да одговори на прашањето: кој бил вистинскиот Чарли Чаплин?

Документарецот беше веќе прикажан на неколку значајни филмски фестивали, меѓу кои Лондонскиот, Циришкиот, Меѓународниот филмски фестивал во Хемптон и „Телурајд“ последните два во САД. Филмот, исто така, доби три номинации за наградите Critics Choice Doc Awards, меѓу кои и за категоријата Најдобар архивски документарен филм. Церемонијата на доделувањето на овие награди ќе се одржи на 9-ти јануари 2022 година.

Премиерата на филмот за Чарли Чаплин е закажана во некои американски коно-сали на 19-ти ноември, а потоа ќе биде емитуван на Showtime, почнувајќи од 11-ти декември.