Шест градови би можеле да исчезнат под вода до 2030-та

Најмалку шест градови во различни делови на светот може делумно или целосно да се најдат под вода до крајот на деценијата, поради климатските промени, објави викендов интернет изданието на весникот The India Times, врз основа на процените на непрофитната организација Climate Central, која ја прави својата прогноза во формат на мапа врз основа на информациите на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC).

Според написот, холандски Амстердам е еден од првите градови коишто се под ризикот да бидат потопени поради зголемувањето на нивото на морето. Следната позиција на оваа листа му е доделена на ирачкиот град Басра, лоциран на реката Шат ал-Араб. Како што се појаснува во статијата на The India Times, градот е опкружен со мошуришта.

Њу Ореланс, во американската сојузна држава Луизијана, исто така, е под голем ризик да биде поплавен, и покрај воспоставениот систем на брани. Италијанскиот јадрански бисер Венеција, исто така, заштитен со систем на брани за регулирање на нивото на морето во лагуната, е на четвртото место на оваа листа. Како што се наведува, нивото на земјата во градот потонува за 2 милиметра годишно.

Следен на списокот е градот Хошимин, на југот на Виетнам. Според прогнозите, источните реони на градот можат да бидат поплавени поради близината на реката Меконг. Листата ја заокружува Калкута, во индиската сојузна држава Западен Бенгал, поради тонење на почвата и редовните поплави поради сѐ пообилните дождови и излевањето на големиот слив.

Според авторите на написот, тековната траекторија на аггадувањето на животната средина била, исто така, била една од главните фактори за составување на листата.