Јокиќ суспендиран на една средба

Дисциплинската комисија на НБА-лигата донесе одлука по инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар меѓу Денвер и Мајами (113:96). Центарот Нагетс, Никола Јокиќ по грубиот фаул од Маркиф Морис, го удри противничкиот кошаркар од зад грб. Двајцата играчи беа исклучени.

Јокиќ сега ќе биде принуден да го пропушти следниот натпревар на Денвер, на 11 ноември против Индијана, додека Морис ќе биде казнет со 50.000 долари за неспортски прекршок од втор степен.

Дополнително, парична казна од 30 000 долари ќе плати и лидерот на Мајами хит, Џими Батлер поради обид за ескалација на расправијата. Тој по завршувањето на инцидентот продолжил да го провоци ра Србинот.