Клиперси ja продолжуваат победничката серија во НБА

Екипата на ЛА клиперс ја продолжува победничката серија со која полека, но сигурно, се искачува на табелата во Западната конференција. Во синоќешниот натпревар, Клиперси славеа против Портланд со 117:109 со што дојдоа до петтиот триумф во низа.

Ваквата триумфална серија го доведе тимот од Лос Анџелес до делба на 5-7 место на Западот со скор од шест победи и четири порази.

Предводник на клиперси во триумфот беше Пол Џорџ со учинок од 24 поени, девет скокови и седум асистенции, а огромна помош оимаше и од Реџи Џексон со 23 поени и шест асистенции и Николас Батум со 22 поени и шест скокови.

Кај Портланд најефикасни беа Демијан Лилард со 27 и Норман Паулке со 23 поени, додека Јусуф Нуркиќ ја заврши средбата со 15 поени, 13 скокови и шест асистенции.

Резултати од останатите натпревари:

Филаделфија – Милвоки  109:118

Јута – Атланта  110:98