Филипче најави 250.000 дози вакцини од Џонсон и Џонсон

Министерот за здравство Венко Филипче на денешата прес-конференција најави дека земјата ќе набави од вакцината против ковид-19 на производителот Џонсон и Џонсон и станува збор на количина од 250.000 дози, која се инјектира во една доза.

– Сѐ уште немаме конкретна информацијата. Беа најавени во два наврати, еднаш како информација и можност која ја прифативме и другата пред две недели со дефинитивна потврда дека тие може да се наменат за нашата земја. Рокот на овие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум за нивното пристигнување, сѐ уште немаме – рече министерот одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со вакцинацијата на граѓаните против сезонски грип, според новинарите повозрасните граѓани или не се информирани или не знаат како да се пријават преку вакцинација.мк, па министерот рече дека овој систем се покажал како доста ефикасен.

– Системот е добар со цел да се не создаваат гужви во вакциналните пунктови, зборам за вакцинацијата против ковид-19. Така да секој што може, како што беше за коронавирусот, може да се направи преку матичните лекари – одговори Филипче.