Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во партијата.
-Не, не размислувам во таа насока – кусо одговори Филипче на новинарско прашање на прес-конференција на која соопшти детали за Ковид-состобата во земјава.
На прашањето, пак, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во тетовската модуларна болница од која поминаа два месеца, Филипче изјави дека тоа е е прашање за Обвинителството.