Температури и под нулата, а во овие места во Македонија утрово беше најстудено

Најниска темепартура утрово е измерена во Берово, минус два степена Целзиусова.

Како што соопшти УХМР, следат Попова Шапка со минус еден степен, нула степени во Маврови Анови, Крива Паланка, Битола и во Крушево, еден во Лазарополе, два Струмица и Куманово, три Претор, Штип, Демир Капија, Виница и Гегелија, четири Прилеп и Дојран, пет во Скопје-Петровец и во Тетово, шест Охрид и седум степени во Скопје–Зајчев Рид.

Во текот на ноќта преовладуваше умерено облачно време. Утрово по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност.

Времето претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степен.