Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески на социјалните мрежи објави дека рано утринава во неговиот дом претрес вршела Финансовата полиција.
-Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши. Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција, пишува Јаулески.
Инаку денеска во законодавниот дом со почеток во 11 часот е закажана седница на која треба да се гласа за доверба на Владата. Седницата ќе трае најдоцна пред полноќ.